Медицинските екипи пружиле помош на повеќе од 80 настрадани при уривањето во театарот „Apollo” во центарот на Лондон за време на претстава во четвртокот навечер, објави градската служба за Брза помош на британската престолнина.
„Помош им е укажана на повеќе од 88 настрадани, седум од нив се тешко повредени”, изјавиле лекарите коишто се наоѓаат на местото на инцидентот, пренесува телевизискиoт канал Sky News.
Претходно спасителите соопштија дека од под урнатините се евакуирани сите луѓе кои биле заробени. Според првичните сознанија за време на претстава се урнал дел од таван или балконот во театарот.
Дел од ѕид и потпора во театарот Apollo лондонскиот кварт Вест Енд се урнале врз публиката исполнувајќи го речиси исполнетиот докрај салон со 775 места со облаци густа прашина околу 40 минути по почетокот на изведбата на претставата „The Curious Incident Of The Dog In The Night-time” од Марк Хадон. Очевидци рекле дека се слушале „крцкање” но мислеле дека тоа е дел од претставата.
Apollo е еден од култните театри на лондонски Вест Енд, е отворено во 1901 година