Загинаа две девојки, две момчиња повредени – се враќале од работа


Тешка сообраќајна несреќа во која две девојки загинаа, а две момчиња се повредени, се случила утринава околу 4:40 часот на патот Струмица-Валандово.

police-lenta-500Полицијата информира дека несреќата се случила кога 25-годишниот П.К. од гевгелиско Негорци кој управувал со „Опел Вектра“ изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и паднал во провалија.

Нада М. (25) од Негорци и Магдалена П. (31) од Миравци починале на лице место, додека возачот и сопатникот Т.Д. (25) од Гевгелија се здобиле со повреди.

Според информациите сите четворица биле колеги и се враќале дома по завршување на работата во казиното каде биле вработени.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1