Македонските граѓани најдобро мислење од аспект на глобална политика имаат за Германија, а за најпријателска земја ја сметаат Турција, покажуваат резултатите од истражувањето што го спровеле Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија.
Граѓаните, од аспект на глобална политика, најдобро мислење имаат за Германија (14,5 проценти) и за САД (11,2 проценти, а потоа за Швајцарија, Турција, Албанија и за Србија (4,1 отсто), покажа истражувањето „Глобално водство, соседство и односи со Бугарија“. Ова истражување треба да послужи за информирана јавна дебата за предизвиците на Македонија во натамошните евро-атлантски интеграции.
Според граѓаните, најпријателска земја на Македонија е Турција. Вака се изјасниле 16 отсто од анкетираните, а потоа следуваат Србија со 12,2 отсто, САД со 8,2 отсто, Германија со 8,2 отсто, Албанија со 5,8 отсто. Меѓу првите 15 земји се сите соседи на Македонија.
Истражувањето покажало дека граѓаните сметаат оти петте најдобри сојузници на Македонија ~ се Турција, Србија, САД, Германија и Словенија.
Dnevnik