На почетокот на расправата за законите за медиумите новинарите во собраниската галерија поставија транспарент со порака:
Не во наше име!
Поголем дел од новинарите во минатиот период постојано укажуваа дека законите какви што се предложени се неприфатливи и непотребни, но Владата упорно инсистира на нивно донесување.
Сметаме дека со тој закон не се решаваат клучните проблеми туку се отвараат нови. Самиот начин на кој што се водеше квази дебатата за овој закон и целата борба што ја водевме осум месеци покажува каков однос имаат кон новинарските здруженија и новинарите оние што го предлагаат законот- вели Чаусидис.
Видео – А1Он