Цената на костените во деновите пред Божиќните празници на скопските пазари и маркетите достигнуваат рекордна цена. Денеска на зелените пазари во Скопје килограм костени се продаваше за над 150 денари, а во дел од големите маркети во градот цената изнесуваше 162 денари!
Но оваа цена како што велат трговците важи само за денеска или утре. За деновите пред Нова година и Божиќните празници најавуваат нов раст на цените на костените.
Килограм костени минатиот викенд се продаваше за 120 денари, а веќе за една недела порасна за 40 денари по килограм!?
Годинава се повторува истата практика трговците пред Велигденските и Божиќните празници да ги зголемуваат цените за производите кои најчесто се наоѓаат на веќе (по)посната трпеза на граѓаните.
Нова Македонија