Во Јапонија е раширено верувањето дека караткерот на личноста е поврзан со крвната група, па се верува дека лицата со крвата група „А“ се чувствителни, перфекционисти и добри тимски играчи, но и дека се премногу анксиозни.
Луѓето кои имаат нулта крвна група (О) се љубопитни и дарежливи, но и тврдоглави, лицата со групата „АБ“ се мистериозни и непредвидливи, а оние со типот Б се весели, но екцентрични, како и индивидуалисти и себични.
Околу 40 отсто од јапонската популација има крвна група „А“, 30 отсто типот „О“, додека само 20 проценти се од типот „Б“, а преостанатите десет проценти се „АБ“. Четирите книги кои ги опишуваат различните крвни групи и нивните карактеристики станаа вистинска издавачка сензација во Јапонија, каде се продадени во пет милиони примероци.
Системот АБО крвни групи во 1901 година го откри австрискиот научник Карл Ландштајнер. Неговото истражување, за кое доби Нобелова награда, овозможи побезбедна трансфузија на крвата.
Своевремено компанијата Мицибуши електрик објави формирање тим, кој ќе биде составен од луѓе исклучиво со крвната група „АБ“, бидејќи се „способни да планираат“. Овие верувања влијаат и на политиката. Еден поранешен премиер сметаше дека е важно во својот личен профил да објави дека неговата крвна група е „А“, додека неговиот опозициски ривал е од типот „Б“.
Познати се случаите на дискриминација на луѓето со крвна група А и АБ, посебно децата се изложени на малтретирање, потоа се става крај на љубовна врска поради тоа, а одделни луѓе поради крвната група ја изгубиле и работата.
На Западот лицата со група „О“ и „А“ ја сочинуваат речиси 85 отсто од популацијата, додека во Индија и Азија доминираат лицата од групата „Б“. Во таа смисла Јапонија е невообичаена бидејќи има повеќе варијанти.
И покрај предупредувањата, многумина од работодавачите и натаму бараат лицето кое бара работа да каже која крвна група, тврди Терамитцу Маекава, професор по комперативна религија на Универзитетот „Азија“ во Токио, автор на повеќе книги за крвните групи.
– Општествата во кои превладува групата „А“ се склони кон тоа да бидат монотеисти, како што е христијанството и јудеизмот, со силно чувство за општествените норми, додека општествата со мнозинска група „Б“ се посклони кон политеизам, како што се будизмот и хиндуизмот, со мноштво божества и тие веруваат дека сите луѓе се различни, вели Макаева.
Повеќе на следниот – ЛИНК