„Ја информираме јавноста дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, до Јавното обвинителство на Република Македонија за гонење на организиран криминал, поднесе Кривична пријава против министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, против поранешниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, и советниците на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ во претходниот мандат.
Во име на еднаквиот третман на сите пред лицето на правдата, поднесовме кривична пријава за основано сомневање за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 5 од Кривичниот закон, и нанесена штета на Буџетот на РМ во вредност од над 3,5 милијарди денари или повеќе од 58 милиони евра, изјави портпаролот на СДСМ.
Video – A1On