Залутан куршум погоди малолетничка во Бутел. Несреќата се случила вчера во 18:30 часот.
Според првичните информации, куршумот влегол во прозор од куќа на улица „Петар Манџуков“ .
За среќа, девојчето не е потешко повредено. Како што неофицијално дознаваме, се здобила со изгореници од куршумот кој допрел до нејзиното тело.