Ужас: Гледале како питонот убива човек – не можеле ништо да сторат


Чувар на ресторан настрадал во петокот во смртоносната прегратка на питон во близина на луксузниот хотел „Hyatt” на Бали, пишува The Guardian.

pitonНесреќата се случила околу три часот наутро по локално време во петокот, додека 4,5 метри долгиот питон се влечел преку улицата покрај хотелот, рекол Агунг Бава, помошник управнил во хотелот кој инаку е затворен поради реновирање до 2015 година.

Жртвата, Амбар Арианто Мулио, 59-годишне припадник на чуварската служба ба блискиот хотел, се понудил да ја фати змијата којашто и претходно неколкупати била видена покрај хотелот.

Мулио успеал да ги дофати главата и опашката на змијата и да ја подигне на рамената, но питонот се замотал околу него и го задушил и почнал да го голта. Луѓето кои биле во близината не можеле да му помогнат, како и полицијата којашто набрзо пристигнала. Питонот потоа брзо исчезна во блиската шума и полицијата трага по него.

„Сѐ се одигра многу брзо. Тажни сме бидејќи не можевме да му помогнеме”, рекол Бава

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1