Најважните настани кои ја стреоса 2013 (Фото)


Во продолжение ви ја пренесуваме хронологијата на поважните настани во 2013 година која ја објави МИА.

1 јануари – Договорот за фискален гребен е одобрен од американскиот Дом на претставници

3 јануари – Актерот Жерар Депардје доби државјанство од рускиот претседател Владимир Путин. Депардје го врати своето француско државјанство заради високите даноци во земјата

Gerard Depardieu

5 јануари – Владата на Венецуела објави дека претседателот Хуго Чавез боледува од респираторна дефициенција, болест која се развила откако имал силно воспаление на белите дробови

6 јануари – Палестинскиот претседател Махмуд Абас објави дека на сите официјални документи треба да стои ознаката Држава Палестина

7 јануари – Харвард-Смитсониан центарот за астрофизика процени дека во Млечниот пат постојат најмалку 17 милијарди планети кои се компатибилни по големина со Земјата

7 јануари – Американецот републикаец Чак Хејгел, од претседателот Барак Обама беше номиниран за следен државен секретар за одбрана; Џон Бренан беше номиниран за директор на ЦИА

8 јануари – Американските научници тврдат дека климата во 2012 година била најтоплата година кога било  забележана

9 јануари – Врховниот суд на правдата на Венецуела размислува за кога да ја одложи инаугурацијата на претседателот Хуго Чавез, додека тој се опоравува од операцијата од рак

12 јануари – Загадувањето на воздухот во Пекинг достигна нивоа опасни по човековото здравје

zagaduvanje3

14 јануари – Најстарата британска музичка куќа ХМВ, повика стејачни управители откако пропаднаа преговорите за спас на компанијата; компанијата која има над 4.500 вработени, ја отворила својата прва продавница во 1921 година

15 јануари – Во Саудиска Арабија, египетскот адвокат за човекови права Ахмед ал Гизави, беше осуден на пет години затвор и 300 камшикувања заради поседување на апчиња занакс против анксиозност.

15 јануари – Дирекцијата за безбедност на храната во Ирска објави дека траги од ДНК на коњи се присутни во некои говедски мелени меса, кои се продаваат во супермаркетите во Ирска и Велика Британија

horse meat

17 јануари – Откако на Ленс Армстронг му ги одзема седумте титули од Тур д Франс, МОК му го одзема и бронзениот медал на велоспиедистот од Летните олимписки игри во 2007 тој беше обвинет за допинг

17 јануари – Во обид да го сврти грбот на нуклеарната енергија, Јапонија објави планови да изгради најголема ветерна фарма во морето во префектурата Фукушима, во близина на нуклеарната централа Фукушима Даичи.

18 јануари – Првпат по Битката за Могадипу, САД најавија дека официјално ќе ја признаат новата влада на Сомалија, и ќе отворат дипломатски односи.

18 јануари – Научниците на НАСА изведоа прва успешна комуникација со ласер, кога успешно испратија слика на Мона Лиза на Леонардо Да Винчи до месечавиот орбитер реконаинсер, вселенското летало кое орбитира околу месечината

20 јануари – Австрија одржува референдум дали да остане обврската за служење војска или не, и за социјални програми за млади луѓе-народот изгласа задржување на задолжително служење војска

20 јануари – Претседателот Барак Обама е инаугуриран во Сината соба во Белата куќа- ова е негов втор мандат

obama zakletva 2

21 јануари – Германија, Франција и девет други земји во ЕУ чекаат одобрување од министрите за финансии во ЕУ да се донесе данокот Тобин, данок на финансиските транскации

21 јануари – Премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер, ја загуби позицијата како претседател на Еврогрупата- тој беше заменет од Жероен Дијселблоем, министерот за финансии на Холандија

22 јануари – Научниците во Кина открија стар човечки фосил во пештера во близина на Пекинг- коската од нога стара 40.000 години кажува дека таа потекнува од претците на денешните азијати или американски домородци

23 јануари – Британскиот премиер Дејвид Камерон ја искажа својата намера да преговара за условите во ЕУ, и за последователен план да отвори референдум за граѓаните на неговата земја за повлекување од ЕУ, ако се постигне нов договор

23 јануари – Давос во Швајцарија е домаќин на Светскиот економски форум 2013

24 јануари – Научниците од Европскиот институт за биоинформатика успешно запишаа аудио и текст на фрагмент од ДНК, и ги повратија со 99,99 проценти точност – првпат во историјата човечкиот ДНК беше користен за складирање на подтоци

25 јануари – Беа најавени плановие за Еуро 2020 од страна на УЕФА- фудбалското првенство ќе се одржи во 13 градови во 13 различни европски држави

26 јануари – Група на хакери познати како Анонимуси, ја хакираа веб страната на американската Комисија за казни, како одговор на самоубиството на Арон Сварц, американски компјутерски програмер и активист на интернет

anonimusi

28 јануари – Најстариот дневен весник во Израел, Хаарец, објави сторија во која Израел признава дека биле давани инјекции за контрола на раѓање кај етиописки еврејски емигранти, без целосно да ги запознаат примателите за ефектите

29 јануари – Првпат по пуштањето на Гугл мапс, Гугл ги проширува податоците со покривање на Севера Кореја, пополнувајќи го претходно празниот простор во поголемиот дел од земјата со детални мапи кои идентификуваат копнени локации

29 јануари -Американскиот сенатор Џон Кери е потврден од американскиот Сенат да стане следен државен секретар на САД

1 февруари – Државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, отстапува од нејзината позиција; ја наследува сенаторот Џон Кери

hilari-klinton-1342295964-185635

1 февруари – Во говор упатен до одбранбените сили на Јапонија, премиерот на Јапонија Шинзо Абе повикува на одбрана на островите Сентаку

2 февруари – Иран претстави нов борбен авион Каер 313, за кој велат дека може да го избегне радарско откривање

6 февруари – Земјотрес со магнутуда од 8 степени предизвика голема штета во селата долж брегот на Соломонските острови

6 февруари – Американската пошта најави дека по 5 август 2015 година, нема да доставува пратки од прва класа во саботите

7 февруари – Во Европа, подготвените јадења од производителот Финдус кои содржат говедско месо, се повлечени од супермаркетите по објавата дека набавиле месо од француската кланица Комигел, кое содржи коњско месо

8 февруари – Научницте велат дека пандермикс, вакцината против грип на Саксо енд Клајн, можеби е причина за неодамнешниот пораст на случаи на нарколепсија во Европа

9 февруари – Оскар Патерсон, американскиот секретар за животна средина, храна и рурални прашања, гу убедува британските трговци и Агенција за стандарди за храната, да кажат колку говедски производи кои се продаваат во супермаркетите содржат коњско месо

11 февруари – Наведувајќи слабо здравје, папата Бенедикт Шеснаесети ја најави својата оставка почнувајќи од 28 февруари 2013 година- тој е првиот папа кој си даде оставка по папата Григориј Дванаесети во 1415 година

Papa-Benedikt

15 февруари – Британската фирма за кетеринг Компас груп енд Витбред, еден од најголемите синџири за снабдување на хотели, најде траги на ДНК од коњи во производи кои се продаваат како говедски

18 февруари – На Бриселскиот аеродром, вооружени ограбувачи украдоа необработен дијамант кој не може да се следи, вреден 50 милиони долари, од авион за само неколку минути, и без да ги вознемират патниците

19 февруари – За време на конференцијата за разоружување на ОН, Северна Кореја се закани дека ќе ја уништи Јужна Кореја

19 февруари – НАСА на три часа загуби врска со меѓународната вселенска станица како резултат од унапредувањето на софтверот на станицата за команди и контрола

20 февруари – Естонија стана првата земја на светот која постави национална мрежа за полење на електрични автомобили, а автомобилите се полнат за помалку од 30 минути

22 февруари – Кредитната способност на Велика Британија е намалена првпат во историјата. Агенцијата за инвестиции Муди го смени кредитниот рејтинг на земјата од ААА на АА1

23 февруари – Службата за безбедносно разузнавање на Канада објави дека присуството на ограноци на Ал Каеда во земјата може да одведе до напади

25 февруари – Русија донесе закон со кој се забранува пушењето во училишта и во подземната железница

25 февруари – Научниците во Шпанија објавија студија во Њу Ингланд Џурнал оф медисин во која тврдат дека медитеранската исхрана, која е богата со маслиново масло, оревчиња, риба и свежо овошје, го намалува ризикот од срцеви болести

27 февруари – Во Ватикан, папата Бенедикт Шеснаесети држи проштален говор

28 февруари – Во Северна Каролина, еден невронаучник од Универзитетот Дјук најави дека успешно поврзал мозокот на две глувчиња на тој начин што си разменуваат информации

4 март – Повеќе од 100 католички кардинали дојдоа во Рим, Италија, да го започнат процесот за избор на наследникот на Папата Бенедикт Шеснаесети

4 март – Со лично богатство вредно 73 милијарди долари, мексиканскиот бизнис магнат Карлос Слим е на врвот на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот

Mexican tycoon Carlos Slim speaks during

5 март – Во Кина, премиерот Вен Џиабао се обрати на Конгресот на Народната партија најавувајќи ги целите на земата за 2013 година за раст од 7,5 проценти на БДП

5 март – Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, почина во главниот град Каракас; тој имаше 58 години

hugo-3

6 март – Мајкрософот е казнет со 561 милион долари затоа што не им овозможил на граѓаните на ЕУ алтернативен веб браузер за нивниот Интернет експлорер

8 март – Како одмазда за неодамна донесените санкции на ОН, генералите во Северна Кореја изјавија дека ги насочиле нивните долгодометни ракети кон американско тло

8 март – Венецуела организира погреб за поранешниот претседател Хуго Чавез; по погребот, потпретседатеот Николас Мадуро се заколна како привремен претседател

9 март – Орбитерот за истражување на Марс на НАСА емитува слики кои првпат им овозможуваат на научниците да создадат тродимензионална реконструкција на старите водени канали на површината на Марс

11 март – Референдумот за сувереност на Фокландските острови резултираше со 99,8 проценти гласачите да дадат поддршка островот да остане како прекуморска територија на Обединетото Кралство

12 март – Гугл се согласува на договор по приватна тужба, и плати 7 милиони долари казна заради нивниот пренос на безжични податоци од почетокот на 2008 до пролетта 2010 година

12 март – Во Рим, Италија, римските католички кардинали се собраа на конклава за да изберат наследник на папата Бенедикт Шеснаесети

13 март – Првпат во историјата, Европскиот парламент не го донесе буџетот на Европската Унија

14 март – По мерењата за брзната и односот, научниците од големиот Хадронов колајдер цврсто веруваат дека честичката која ја открија во јули 2012 година е Хигсоновиот бозон

14 март – Генералниот секретар на Кинеската народна партија, Кси Џинпинг, е именуван за нов Претседател на Народна република Кина, а Ли Јуанчао е назначен за потпретседател

16 март – Како дел од обидите за да се заштити Америка од напад од Северна Кореја, САД на западната обала инвестираат 1 милијарда долари во копнени ракети пресретнувачи

16 март – Во Ватикан, Италија, Папата Фрањо Први ја кажува својата прва порака, и им кажува на новинарите дека сака сиромашна црква, за сиромашните

nov papa

19 март – Во Ватикан се одржа инаугуралната церемонија за Папата Фрањо Први на плоштадот Свети Петар, во присуство на неколку стотици илјади луѓе

20 март – 84-годишниот Зилур Рахман, претседателот на Бангладеш, почина на должноста по долгото боледување во болница во Сингапур; владат објави тридневна жалост

21 март – Премиерот на Австралија, Џулија Галард, формално им се извини на луѓето кои на сила биле усвоени во периодот помеѓу 50-ите и 70-ите

22 март – Британската Агенција за стандард на храната, објави извештај за откривање на 100 кг. коњско месо во Ленкашир, во месо увезено од Унгарија и означено како говедско

23 март – Со однос 50-49, Сенатот на САД го донесе својот прв буџет во изминатите четири години

23 март – Омар ал Башир, кој е 25 години претседател на Судан, најави дека ќе се повлече во 2015 година

24 март – Во Париз, стотици илјади луѓе протесираа заради легализрањето на истополовите бракови во Франција; протестот стана насилен откако пристапот на Елизејските полиња беше забранет

24 март – Претседателот на Боливија, Ево Моралес, истакна дека Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе го решава граничниот спор помеѓу Боливија и Чиле

28 март – Предизвикувајќи критики од НАТО, Русија спроведува незакажани воени вежби во Црното Море

30 март – Од страна на Врховниот суд во Кенија, Ухуру Кенијата беше прогласен за легитимен победник на претседателските избори во Кенија

1 април – Во подготовките за повлекување во 2015 година, претседателот на Судан Омар ал Башир даде наредба да се ослободат сите политички затвореници во земјата

2 април – Договорот за трговија со оружје, првиот досега за да се регулира глобалната трговија со конвенционално оружје, помина на Генералното собрание на ОН

4 април – Најдалечната супернова беше забележана од вселенскиот телескоп Хабл

6 април – Неодамнешниот скандал со мешањето на меса го натера шведскиот трговец со намештај Икеа да спре со продажба на лазања со месо од лос во нивните продавниците низ светот

gikea

7 април – Во Доха, Катар, се собраа стотици делегати, а Катар вети дека ќе обезбеди 500 милиони долари како помош за да се овозможи реизградбата на Дарфур во Судан, регион разнебитен од долгодишни конфликти

8 април – Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, почина од мозочен удар во својата 87 година во Лондон

tacer2

8 април – Викиликс објави 1,7 милиони американски дипломатски и разузнавачки документи од 1973 до 1976 година, кога Хенри Кисинџер беше државен секретар на САД; Џулијан Асанж работеше на овој проект од амбасадата на Еквадор во Лондон

10 април – Состанокот на Генералното собрание на ОН, кој го организираше српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, беше бојкотиран од САД, Јордан и Канада

11 април – Јапонските автопроизводители Хонда, Нисан и Мазда најавија план за повлекување на 3,4 милиони автомобили заради дефекти во воздушните перничиња

11 април – Претседателот на Малави, Џојсе Банда, ја обвини пеачката Мадона за „навредување на државни официјални лица“ по претерувањето со прилози во нејзината добротворна кампања и откако таа се пожали за нејзиниот третман за време на неодамнешната посета на земјата

13 април – Во Пекинг, Кина, седумгодишно девојче беше потврдено како првиот случај со вирус на груп од типот А Х7Н9, или „птичји грип“

13 април – Народна република Кина и САД се согласија заедно да работат на елиминирње на нуклеарното оружје на Корејскиот полуостров

15 април – Муслимански терористи предзвикаа две експлозии блиску до целната линија на Бостонскиот маратон, при што загинаа тројца, а беа повредени 183 луѓе, и доведе до најмалку 15 ампутации

17 април – Експлозија во фабрика за вештачко ѓубре во гратчето Вест во Тексас предизвика 15 жртви и огромна штета на соседните згради, куќи, дом за старци и средно училиште

18 април – Виаком милијарди долари по тужбата за авторски права против Јутјуб

19 април – Поранешниот претседател на Пакистан, Первез Мушараф, е уапсен и обвинет заради незаконски апсења во 2007 година

19 април – Осомничените во бомбашките напади на Бостонскиот маратон се идентификувани како муслимани родени во Киргистан, Џохар Чернаев (19) и неговиот брат Тамерлаин (28)

bombsi dvajca

20 април – Италија го реизбра претседателот Џорџо Наполитано

21 април – Во Салата на славните астронаути, беа претставени тројца нови членови: Куртис Браун, Ејлин Колинс и Бони Данбар

23 април – Во Франција беше прифатен амандманот за истополови бракови, со што беа оторени вратите претседателот Франсоа Оланд да го прифати законот

24 април – Во Италија, потпретседателот на Демократската партија Енрико Лета, од претседателот Џорџо Наполитано доби мандат да формира нова влада

25 април – Сите живи американски претседатели, меѓу кои и Џорџ Буш и сегашниот претседател Барак Обама, беа присутни на отварањето на Претседателскиот центар Џорџ Буш во Далас, Тексас

28 април – За време на церемонијата на заколнување на Енрико Лета, еден Италијанец пукал и ранил двајца полицајци пред Палатата Чиги

5 мај – Првиот пластичен пиштол направен во светот со 3-Д печатач од американската одбрана успешно пукна во Остин, Тексас. Безбедносните власти се плашат дека пластичното оружје не може да биде откриено со прегледи на аеродромите

6 мај – Во Рим, Италија, Џулио Андреоти кој седум пати беше премиер на Италија, почина на 94 годишна возраст

andreoti

8 мај – Бразилецот Роберто Азеведо беше назначен за генерален директор на Светската трговска организација тој ќе седне на оваа позиција на 1 септември 2013

8 мај – Три месеци откако беа украдени дијаманти вредни 50 милиони долари на бриселскиот аеродром, повеќе од 24 луѓе во Франција, Швајцарија и Белгија беа уапсени и беа вратени голем дел од украдените дијаманти

11 мај – Во Каиро, Египет, повторно му се суди на поранешниот претседател Хосни Мубарак заради неговата улога и последиците од смртта на демонстранти за време на египетската револуција во 2011 година

13 мај – Во Белизе, градежна компанија која прави пат уништи пирамида од Маите стара 2300 години

belize temple destroyed

14 мај – Американската актерка Анџелина Џоли најави дека ќе оди на двојна операција за мастектомија затоа што е носител на генот БРЦА1, а во нејзиното семејство и претходно имало случаи на рак на дојка

17 мај – Поранешниот претседател на Аргентина, Хорхе Рафаел Видела, почина во затвор во Маркос Пазе, во Буенос Аирес

18 мај – Во Рим, сто илјади демонстранти протестираат против новите мерки за штедење на владата и бараа нови политики фокусирани на создавање на нови работни места

20 мај – Во Стокхолм, Шведска, млади емигранти дивеат и палат над сто автомобили

21 мај – Во Домот на заедниците, британските парламентарци го разгледуваат законот за истополови бракови, со што ќе се зголемат правата во хомосексулните бракови во Англија и Велс

24 мај – Рафаел Кореа неочекувано победува по трет пат како претседател на Еквадор

25 мај – Се прославува 50-та годишнина од Африканската унија

28 мај – Ле Монд известува дека режимот на Асад во Сирија продолжува да користи хемиско оружје

30 мај – Американскиот претседател Барак Обама го назначува Џејмс Коми како нов директор на ФБИ

4 јуни – Се одбележува 60-годишнината од крунисувањето на Кралицата Елизабета во присуство на стотици гости во Вестминстерската опатија

7 јуни – Рускиот претседател Владимир Путин и неговата жена се појавија на телевизија во живо и најавија дека се развеле по триесет години брак

president-putin-marriage-over-.si

8 јуни – Американскиот бизнисмен и Британец по потекло Кристофер Ожнил се ожени со принцезата Мадлена од Шведска во раскошна церемонија

8 јуни – Кинескиот претседател Кси Џинпинг и американскиот претседател Барак Обама дискутираат околу кибер шпионажата на крајот од нивниот дводневен самит

13 јуни – По затворањето на јавниот медиумски сервис ЕРТ, грчките синдикати повикаа на генерален штрајк

14 јуни – Иранците излегоа на претседателски и локални избори

17 јуни – По откривањето на корпуциски скандал, премиерот на Република Чешка, Петр Нечас, си даде оставка

petr-necas-ljubovvnica-01

17 јуни – Граѓанската војна во Сирија е високо на агендата на 39-то годишно собрание на Г8, кое почна во Северна Ирска

18 јуни – Најголемата верзија од авионот Боинг 787-10 дебитираше на парискиот аеро шоу и беа направени над 100 нарачки вредни над 30 милијарди долари

21 јуни – Прв случај на човечки Х6Н1 вирус беше откриен на Тајван

21 јуни – Американските власти го обвинија Едвард Сноуден за шпионажа

snouden cia

23 јуни – Поранешниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела, е згрижен заради инфекција на белите дробови која се влоши и го донесе во многу лоша состојба

26 јуни – Во државата Калифорнија, мерките од Предлогот 8 од 2008 година се подигнаа на повисок степен на апелација, што овозможи продолжување на истополовите бракови

27 јуни – Кинескиот претседател Кси Џинпинг и јужнокорејскиот претседател Парк Ген-хуи се состанаа на четири дена на разговори за намалување на тензиите на Корејскиот полуостров

30 јуни – На стадионот Камп ноу, во Барселона, Каталонија, над 90.000 луѓе присуствуваа на „Концертот за слобода“ за независност на Каталонија

3 јули – Во Ел параисо, Перу, градежниците уништија 4,000 години стара пирамида

3 јули – Во Белгија, Кралот Алберт Втори отстапи од тронот заради здравствени причини и му го отстапи местото на неговиот син, Принцот Филип, Војводата од Брабант

5 јули – Во Рим, папата Јован Павле Втори и папата Јован Дваесетитрети беа канонизирани од Ватикан и прогласени за светци

6 јули – Во Египет, Мухамед Ел Барадеј беше именуван за премиер

9 јули – И покрај загриженоста дека грчката влада е бавна во реформите, Европската комисија, Европската централна банка и ММФ и доделија на Грција дополнителни 6,2 милијарди евра

Greece-Euro-Crisis-300x199

11 јули – Рускиот политичар Алексеј Навални, главната фигура во опозицијата, се пријавува како кандидиат за градоначелник на Москва за изборите во септември

13 јули – Обвинетиот Џорџ Цимерман е прогласен дека не е виновен во случајот поврзан со фаталното застрелување на Трејвон Мартин

15 јули – Горниот дом во Британија го донесува законот за истополови бракови; почнувајќи од 2014 година, хомосексуланите бракови ќе бидат дозволени во Англија и Велс

16 јули – Во Грција, новите мерки за штедење ги предизвикаа синдикатите да повикаат на генерален штрајк

grcija tepacka hrana2

18 јули – Детроит, Мичиген, објави најголем банкрот на некоја локална самоуправа во историјата- градот Детроит побара заштита според Поглавје 9 заради долг од 18,5 милијарди долари

18 јули – Истражителите на случајот по кражбата на слики на Пикасо, Моне и Матис од октомври 2012 во галеријата Кунсхал, открија боја, платно и клинчиња во рерна кај жена чиј син беше обвинет за кражба на делата

22 јули – Катерина, Војвотката од Кембриџ, роди син, трет во редот на британскиот трон; бебето крстено Џорџ Александер Луис, формално се нарекува Неговото кралско височество Принц од Кембриџ

kralsko bebe

23 јули – Сета влада на Јужен Судан, вклучувајќи го и потпретседателот Риек Махар, е истерана од претседателот на Јужен Судан, Салва Киир Мајардит

29 јули – Во една од најголемите кражби на накит во последните години, украдени се дијаманти вредни скоро 103 милиони евра од хотелот Карлтон интернешенел во Кан, Франција

30 јули – Израелските и палестинските власти се согласија за продолжување на преговорите за доаѓање до мир

30 јули – Избирачите во Пакистан го избраа Мамноон Хусеин за 12-ти претседател на земјата

1 август – Русија му додели на доушникот од НСА, Едврад Сноуден, привремен политички азил во траење од една година; Соуден го напушти московскиот аеродром Шерметјево

2 август – Новиот американски амбасадор во ОН, Саманта Пауер, се заколна пред потпретседателот на САД, Џо Бајден

4 август – Британија, Франција и Германија ги затворија амбасадите во Јемен; Канада ја затвори амбасадата во Бангладеш, САД затворија 22 амбасади на Блискиот исток и во Северна Африка, заради најави за планирани напади од страна на Ал Каеда

5 август – Вашнгтон пост, приватен дневен весник, беше купен од Џеф Безиос, извршниот директор на Амазон.ком

7 август – И покрај разликите со руската влада и претседателот Владимир Путин, американскиот претседател Барак Обама потврди дека ќе учествува на Самитот Г20 во Сенкт Петерсбург

8 август – Пентагон на шест дена отпушти 650.000 цивилни работници без плата, откако дојдоа предупредувања дека итното кратење на буџетот може да доведе до отпуштање на работници во одбраната на подолг временски период

8 август – Американскиот претседател Барак Обама најави планови да не присуствува на еднодневната средба со рускиот претседател Владимир Путин следниот месец; средбата требаше да се случи пред септемврискиот состанок на Г20 во Сенкт Петерсбург

12 август – Братот на Кралот Вилем-Александер од Холандија, Принцот Фрисо од Оранж-Насау, почина на 44-годишна возраст од комликации по несреќата на скијање

14 август – Северна и Јужна Кореја се согласија повторно да го отворат заедничкиот индустриски регион Каесонг

19 август – 24 египетски полицајци беа убиени во напад во Рафах

19 август – 91 луѓе загинаа во поплавите во Кина

23 август – 50 луѓе беа убиени во бомбашкиот напад во џамија во Триполи, Либан

23 август – Инспекторите на ОН беа сопрени од сириската влада во истрагата на наводното место каде бил извршен масакр со хемиско оружје

25 август – На 30-ите МТВ награди, победија Џастин Тимберлејк, Тејлор Свифт и Бруно Марс

26 август – 25.000 апликанти паднаа на испитот за запишување на Универсиетот на Либерија

28 август – Кина и Русија го напуштија состанокот на Советот за безбедност на ОН откако САД притиснаа за итна акција против употребата на хемско оружје во Сирија

28 август – 51 луѓе беа убиени во серија бомбашки напади во Ирак

7 септември – 15 луѓе загинаа во ресторан во бомбашки напад со автомобил од Ал Шабаб во Могадишу, Сомалија

7 септември – Тони Абот стана премиер на Австралија откако Либерал-националната коалиција победи на изборите

8 септември – Себастијан Фетел е победник на италијанскиот Гранд при во формула еден

9 септември – 60 луѓе беа убиени во конфликтот помеѓу бунтовниците и лојалистите во Централноафриканската република

9 септември – Ерна Солберг е избрана за премиер на Норвешка откако централно-десничарската коалиција доби мнозинство на изборите

9 септември – Рафаел Надал го победи Новак Џоковиќ во финалето на американскиот Тенис опен 2013

aap_7230_31Dec_NovakDjokovic_800x600

10 септември – 16 луѓе загинаа во серија бомбашки напади во Ирак

10 септември – Тројца загинаа откако хеликоптер на Канадската крајбрежна стража падна во Арктичкиот океан

11 септември – 12 члена на сектата Алавити беа убиени од бунтовниците во централна Сирија

13 септември – 30 луѓе загинаа во бомбашки напад врз џамија во Багдад, Ирак

13 септември – 9 луѓе загинаа во големите поплави во областа Галати во Романија

15 септември – Јапонија го исклучи последниот активен нуклеарен реактор

15 септември – Еди Рама е избран за премиер на Албанија

16 септември – 21 луѓе загинаа од ураганот Ингрид во Мексико

16 септември – Пол Кагаме стана претседател на Руанда со тесно мнозинство

20 септември – 46 војници загинаа при напад на воена база во гувернијата Шабвах во Јемен

20 септември – Големата кражба на автомобили (видео игра) стана најбрзо продаван забавен производ и достигна продажба од 1 милијарда долари

20 септември – Бродот Артик санрајс на Гринпис беше сопрен од руската морнарица

21 септември – 100 луѓе загинаа во серија напади во Ирак

21 септемрви – 59 луѓе загинаа, а 175 беа повредени во напад во трговски центар во Најроби, Кенија

22 септември – 78 луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад врз црква во Пешавар, Пакистан

22 септември – на 65-ите Прај тајм награди на Еми, победија Брејкин бед и Модерн фемили

22 септември – Ангела Меркел и Демохристијаните победија за трет мандат со најдобар резултат на Германските федерални избори

angela-merkel

23 септември – 25 луѓе загинаа откако тајфунот Усаги удри на Хонг Конг и Кина

24 септември – 515 луѓе загинаа во земјотрес со магнитуда од 7,7 степени во Балохстан, Пакистан

27 септември – Најмалку 22 луѓе загинаа откако брод со бегалци потона близу островот Јава

27 септември – 60 луѓе загинаа при рушење на зграда во Мумбај, Индија

29 септември – 16 луѓе загинаа при воздушен напад на сириската армија, кога беше погодено средно училиште во Рака, Сирија

30 септември – 54 луѓе загинаа во серија бомбашки напади со автомобили во Багдад, Ирак

1 октомври – Дојде до делумно блокирање на владата на САД, како резултат на политичките несогласувања во врска со трошоците за нејзино работење

3 октомври – 325 луѓе загнаа откако брод со емигранти се запали и потона крај брегот на Лампедуза, Италија

6 октомври – 53 луѓе загинаа во политичките сукоби во Египет

7 октомври – Мулату Тешоме стана претседател на Етиопија

7 октомври – Џејмс Ротман, Ренди Шекман и Томас Судхоф добија Нобелова награда за физиологија и медицина, за нивниот придонес во преносниот систем на ќелии

8 октомври – Питер Хигс и Франсоа Енглерт добија Нобелова награда за физика, за нивниот придонес во откривањето на потеклото на масата на податомските честички

9 октомври – 60 луѓе загинаа во судирите меѓу милициите и бунтовниците Селека во Централноафриканската република

9 октомври – Мартин Карплус, Мајкл Левит и Ариех Варшел се добитници на Нобеловата награда за хемија, за нивата работа на повеќекратен модел за комплексни хемиски системи

10 октомври – Елис Манро ја доби Нобеловата награда за литература

11 октомври – Организацијата за забрана на хемиското оружје ја доби Нобеловата награда за мир

12 октомври – 50 луѓе загинаа откако камион падна во провалија во провинцијата Ла Конвенсион во Перу

13 октомври – 109 луѓе загинаа во стампедо на мост во областа Датиа во Мадја Прадеш, Индија

14 октомври – Јуџин Фама, Ларс Петер Хансен и Роберт Шилер ја добија Нобеловата награда за економија, за нивната работа во цените на имотите

16 октомври – Во САД заврши 16-дневната блокада на владата и сето заврши со двопартиски договор постигнат во Сенатот

16 октомври – 40 луѓе загинаа по падот на авион на компанијата Лао ерлајнс во реката Меконг, на Лаос

17 октомври – 59 луѓе загинаа во бран напади врз муслимани шиити во Ирак

18 октомври – Саудиска Арабија стана првата земја во светот која одби претседателствување со Совеот за безбедност, заради војната во Сирија

30 октомври – 44 луѓе загинаа откако автобус се запали во Махбубнагар, Индија

24 ноември – На 40-ите Американски музички награди, победија Тејлор Свифт и Џастин Темберлејк

24 ноември – Иран се согласи да сопре со нуклеарната програма

25 ноември – САД го тестираат новиот систем за воздушна одбрана на Кина

1 декември – Големи протести со повик за оставка на украинскиот лидер

1 декември – Пет држави од Источна Африка почнаа процес за создавање единствена валута

5 декември – Почина Нелсон Мандела

7 декември – Светската трговска организација одобри прва светска трговска реформа откако Куба повлече закана да воведе вето на пакет мерки

10 декември – Околу 95 илјади луѓе присуствуваа на службената комеморација по повод смрта на првиот црнечки јужноафрикански претседател Нелсон Мандела.

11 декември – Уругвајскиот Сенат го легализира првиот национален пазар на марихуана во светот, дозволувајќи одгледување, продажба и употреба на овој наркотик.

12 декември – Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со големо мнозинство го усвои компромисниот Буџет на САД.

15 декември – Месечевиот ровер Зајак од жад успешно се одвои од леталото со кое е спуштен на површината на Месечината и започна тримесечно истражување на околината.

15 декември – Погребан Нелсон Мандела

nelson mandela

18 декември – Американскиот Сенат го усвои компромисниот Буџет на САД за следните две години, кој претходно беше одобрен и од Претставничкиот дом на Конгресот.

24 декември  – Индија и Пакистан по 14 години ги возобновија преговорите за Кашмир

25 декември  – Египет го прогласи Муслиманското братство за терористичка организација

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1