Оваа вила некогаш била најубава во престижниот дел на Белград. Сега е претворена во извор на зарази.
„Многу е непријатно чувството да се поминува одовде секојдневно, бидејќи од куќата се шири ужасна смрдеа.
Ова место стана извор на зарази и со месеци состојбата е непроменета“ – вели Милица Пантиќ, која живее во соседството.
Куќата се наоѓа во близина на основно училиште, па поради тоа и децата постојано поминуваат крај неа.
Некогаш најубава, а денес собиралиште на бездомници, наркомани и секти.
Куќата која е со површина од 200 метри квадратни, денес е обрасната со гранки, а оградата и прозорците се искршени.
Според зборовите на граѓаните од Врачара тука никој не живее повеќе од 20 години.
„Некогаш тоа беше најубавата куќа во крајот која се истакнуваше меѓу останатите со модерната фасада и најдобро уреденото двориште“ – вели Сава Видаковиќ, станар на Врачара.