Пијан битолчанец со возило удрил полициски службеник кој сакал да го запре поради сторен сообраќаен прекршок и се обидел да избега.
Како што информира МВР, на 31 декември на улицата „Цар Самоил“ во Битола од страна на полициски службеник поради сторен сообраќаен прекршок, бил даден знак за запирање на патничко моторно возило „Голф“, управувано од Д.С.(31). Тој не ја почитувал наредбата, завртел со возилото, удрил еден од полициските службеници и се обидел да избега.
Д.С. е приведен, извршено му е алкотестирање и утврдено е присуство на алкохол во крвта од 2,26 промили. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок