На Шумахер му бил отстранет половина череп


Лекарите конечно проговорија за состојбата на Михаил Шумахер, кој по повредата за време на скијањето на француските Алпи се наоѓа во кома во болница. Тие велат дека му се извршени две операции и дека му е отстранет половина череп.

165242-sumaher– Направивме операција во која се отстранува речиси половина череп. Целта е да се намали отокот и да престане мозочното крварење. Кога притисокот во главата ќе стане поголем од крвниот мозокот останува без потребното количество крв. Ова е состојба која може да се оддржува со месеци додека пациентот не стане стабилен, велат докторите.

Докторите додаваат дека сметаат дека легандата на Формула 1 ќе се извлече бидејќи е спортиста, во добра состојба, и неговото срце може да го преживее стресот со оглед на годините.

Шумахер сеуште е на лекови кои го оддржуваат во вештачка кома. Температурата и понатаму му е спуштена на 34 степени, а докторите се 24 часа со него.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1