Исезнатата Маја пронајдена мртва во планините над Охрид?


Безживотно тело во фаза на распаѓање е пронајдено на падините на планинскиот појас во атарот на селото Велмеј во општина Дебрца

02012014142823_maja blazeskaПолицијата вчера најави акција во атарот на селото Велмеј, така што може да се заклучи дека станува збор за активности спроведени според претходни сознанија, пишува Нова Македонија.
Иако се уште нема потврда од полицијата, најверојатно се работи за телото на исчезнатата 14-годишна Маја Блажеска од соседното село Лешани, по која полицијата трагаше повеќе од еден месец.Маја Блажеска беше пријавена за исчезната во ноември минатата година од нејзиниот татко.
Дополнителни информации за случајот не се соопштуваат, во интерес на истрагата што е во тек.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1