Софија ќе гради споменик на цар Самуил оваа есен, а иницијативата е дел од програмата за како што пренесува 24 часа „одбележување на 1000 година од смртта на претпоследниот владетел на Првата бугарска држава“.
Споменикот ќе биде изграден со средства од фондацијата „Бугарска меморија“ на д- р Милен Врабевски .
„Чекаме главниот архитект да предложи соодветно место во центарот , на што да биде поставен споменикот. Визијата ќе биде избрана на конкурс. Споменикот треба да е поставен до крајот на септември“, изјави д- р Врабевски.
Врабевски е категоричен дека во Бугарија од Грција ќе се вратат и останките на цар Самуил со оние на неговиот син Гаврил Радомир и неговиот внук Иван Владислав. Тие се откриени во 1969-та година од грчкиот научник Николаос Муцопулос на островот Свети Ахил во Преспанското езеро.
Трите камени саркофази и денес може да се видат на островот во остатоците од средновековната православна базилика.
Весникот потсетува дека Македонија во 2011 година издигна споменик на Цар Самоил на скопскиот плоштад и дека бил прогласен за македонски цар.