Исчезнал со 35 милиони евра – Уапсен најголемиот измамник во Србија


По пет години бегство во Италија бил уапсен Никола Лазиќ, кој преку својата фирма „Елит интернационал“ измамил 1.600 граѓани и им земал 35 милиони евра. Лазиќ, како што објави српски „Блиц“ е испорачан во Србија

lazic uhapsen– Лазиќ е уапсен во Милано по потерница на Интерпол. Италијанскиот суд веднаш наредил екстрадиција и тој е испорачан во Србија, каде се води судска постапка, изјавиле избори од Министерството за внатрешни работи на Србија.

Лазиќ и неговата „Елит интернационал“ преку огласи во весниците се рекламирал како агенција за недвижности, а подоцна како успешно претпријатие за „посредување и пласирање на капитал“.

Во пракса неговата фирма функционирала со земање на позајмици со месечна камата од три отсто, а најмалиот влог за да се стане клиент на неговата фирма била да се отстапат 5.000 евра. Во неговата мрежа биле фатени илјадници граѓани, повеќето пензионери и работници кои добиле отпремнини за напуштање на нивните работни места.
Каматите биле исплатувани редовно и на преминот од 2008 и 2009 Никола Лазиќ наеднаш исчезнува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1