Три лица се повредени при судир на „шевролет спарк“ и „фиат пунто“ денеска околу 9,30 часот на крстосницата помеѓу булевар Партизански одреди и булевар Октомвриска револуција, јавува Нова Македонија.
Според изјави на очевидците, до судирот дошло додека семафорите биле исклучени поради поминување на возила под придружба, а од силината на ударот дошло до превртување на „спаркот“.
Повредените се хоспитализирани од страна на три екипи на брзата помош, и според очевидците се вон животна опасност.
Повеќе фото – Нова Македонија