Три лица се повредени при судир на „шевролет спарк“ и „фиат пунто“ денеска околу 9,30 часот на крстосницата помеѓу булевар Партизански одреди и булевар Октомвриска револуција, јавува Нова Македонија.

Повредените се хоспитализирани од страна на три екипи на брзата помош, и според очевидците се вон животна опасност.
Повеќе фото – Нова Македонија