Рускиот доктор самиот се оперирал – немало друг лекар, а имал напад на слепо црево


Леонид Рогозов, доктор на шестата советска експедиција на Антарктикот, во април 1961, на 27-годишна возраст, на себеси извршил операција на слепото црево користејќи локална анестезија со помош само на еден инженер и еден метеоролог.

Во 1961 година, Рогозов бил стациониран во новоизградените руски бази во Антарктикот. Во истата се наоѓале 12 мажи и сите биле отсечени од надворешниот свет поради поларната зима која се случила во март истата година.

realexposer_Leonid Rogozov
Во месец април, 27 годишниот Рогозов почнал да се чувствува многу лошо. Неговите симтоми биле класични. Имал напад на слепо црево. За да преживее морал да биде подложен на оперативен зафат. Но поради отсеченоста од цивилизацијата и неможноста за каков било транспорт во болница, биле принудени операцијата да биде извршена во самата база. Времето не дозволувало летање, а и не ни имало авиони на блиските станици. За да се спаси, потребна била итна операција. Единствениот човек кој можел да ја изврши операцијата бил самиот тој.

rogozov55Болката била неподнослива и самиот тој знаел дека не му се пишува добро. Ги запишал неговите мисли во дневникот.

„Не спиев ноќта воопшто. Болеше ѓаволски. Снежната виулица како да ми ја камшикуваше душата. Морам да мислам на единствениот можен излез. Не смеам да ги свиткам моите раце и да се откажам“

422883_10150577451931307_1955980943_n

Рогозов самиот се оперирал речиси еден час и 45 минути. Се пресекол и го отстранил слепото црево, а останатите само немо гледале и по нешто му асистирале на докторот кој одморал на секои пет минути од болката, а на секоја секунда се борел со вртоглавицата и слабоста.

На хирургот од помош му биле еден машински инженер и еден метеоролог кои му ги подавале инструментите и држеле мало огледало на неговиот стомак.

Работел без ракавици и тешко можел да забележи што всушност прави. Му помогнало огледалото, но воглавно работел со допир. Крварењето било најголем проблем.

Во моментот кога го отстранил слепото црево, неговото срце започнало значително да забавува, а неговите раце ги чувствувал како гума. Во тој момент си помислил дека е готово со неговиот живот, но со отстранувањето на цревото, повторно се вратил во живот и сватил дека во основа бил спасен.

За пет дена температурата се нормализирала, а за уште два дена и конците биле извадени.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1