Најголемиот брод на светот пред 100 години бил Титаник, а многумина тврделе дека тој не може да потоне. Сепак, на 15 април истата година се докажа спротивното – Титаник удрил во карпа од мраз и потонал, а животот го изгубиле 1.517 патници и членови на екипажот. Но, изгледа дека не е се баш така, пренесува српски Курир.
Писателот од Оксфорд Робин Гардинер објави нова книга во која тврди дека на дното на Аталнтикот не лежи Титаник туку друг брод од истата компанија – Олимпик. Гардинер во неговата книга говори за теорија на заговор и дека собрал документи и фотографии кои ги поткрепуваат неговите тврдења. неговата теорија вели – компанијата сакала да извлече пари од осигурување и планирала да ја направи измамата – титаник воопшто не пловел тогаш – пловел бродот Олимпик тврди авторот. Тој истакнува дека се се поклопува и своите наоди ги темели и според изјавите на преживеаните патници од Титаник.
„Преживеаните опишуваат каде точно се шетале по палубата наводно на Титаник, но на тоа место според нацртот на бродот требало да бидат кабините, а не шеталиште. Тоа е затоа што сето тоа не се случувало на Титаник“, изјавил Гардинер.
Тој додава дека токму деталите на бродот откриле како патниците пловеле на друг брод – на Олимпик. Писателот истакнува дека мистеријата за замена на бродовите лежи всушност во економските проблеми.
Приказната започнала со инвеститорот Џ.П. Морган, челник на компанијата „Вајт Стар Лајн“. Морган наводно бил до гуша во проблеми поради пари, а подоцна врз него бил вршен и притисок компанијата сама да го финансира ремонтот на Олимпик, кој бил многу оштетен при судир со друг брод.
Осигурителните компании не сакала да ги покрие трошоците за обнова на Олимпик. Освен тоа, Морган во САД сакал да пренесе и златни прачки вредни околу 8 милиони фунти за да се спаси од кризата и таму да започне нов живот.
Според планот, бродот Олимпик требало да исплови наместо Титаник односно маскиран во Титаник и под негово име, планот бил во еден момент да има несреќа и да потоне. На тој начин оштетениот брод би исчезнал, фирмата „Вајт Стар“ ќе добие пари од осигурувањето, а и ќе остане со еден целосно здрав брод – односно вистинскиот Титаник.
Тој додава и дека смета оти компанијата која е сопственик на бродот не планирала да има жртви туку имало подготвен план за евакуација на патниците.
Освен тоа, испланирано било во близина да има и други бродови кои би дошле на помош. Бродови за спасување и чамци требало да има доволно за да се спасат сите патници и членови на екипажот.Се било совршено испланирано – Сепак, планот тргнал наопаку.
„Многу патници од Титаник опишале и како во моментот додека бродот удрил во ледениот брег почувствувале потрес. Ако брод со толкава големина удрил со брзина од 22 јазли во ледена карпа, се би се тресело и сите кои биле на бродот сигурно би паднале бидејќи силината на ударот би требало да многу поголема“, вели оксфордскиот писател.
Писателот тврди дека Титаник до крајот на својата „кариера“ пловел како Олимпик за да не се открие измамата.
Гардинер моментално работи и на документарец кој „засекогаш ќе ја промени историјата“. Сепак, некој ќе се запраша како е можно да се помешаат два брода.
Очигледно било и во тоа време а и според фотографиите дека Олимпик бил сестрински брод на Титаник, а разликите меѓу нив биле многу мали.
Олимпик и Титаник