Монструми: Плаќале за на интернет да гледаат силување на деца во живо!


Најмалку 17 лица се уапсени во Велика Британија, под сомнеж дека се одговорни за силување на 15-тина деца на Филипините кое било директно емитувано на интернет.

internet deca pornoСпоред податоци добиени од меѓународната полициска истрага, како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, за вмешаност во случајот се осомничени и лица од Шведска, Норвешка и Данска.

Извори во Одделението за спречување на детска порнографија при шведската државна криминалистичка полиција велат дека моментно во Шведска се води истрага против две осомничени лица.

– Тие се осомничени дека нарачале „веб-кам шоуа“ со силување на деца на Филипните, изјави Бјорн Селстром од шведска криминалиситчка полиција за Шведската телевизија СВТ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1