Перо Антиќ – првиот македонец што ќе настапи на Ол стар викендот


pero antic

Перо Антиќ доби вистинска потврда за својата одлична дебитантска сезона во НБА лигата, откако вечерва и официјално е потврдено дека ќе биде дел од НБА Ол стар викендот кој годинава ќе се игра во Њу Орлеанс.

Првиот Македонец во НБА доби место на „Рајзинг старт челинџот“ и ќе биде во тимот на дебитанти кој ќе биде предводен од Шекил О’Нил и ќе му се противстави на тимот на „софморс“ на Чарлс Баркли.

Oл стар викендот ќе се одржи меѓу 14 и 16 февруари, а на дуелот на кој ќе настапи Антиќ избрани се по 9 најдобри дебитанти, односно кошаркари кои ја играат втората сезона во НБА лигата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1