Сменете си пасворди на Yahoo – компанијата призна била мета на хакери


Американската компанија „Јаху“ ги информира своите корисници дека нејзиниот систем за електронска пошта бил цел на хакерски напад, при кој се украдени податоци за кориснички имиња и лозинки.

Yahoo-Mail-InboxСпоред соопштението на компанијата, овие податоци биле употребени за да се соберат лични информации за луѓе, со кои корисниците на „Јаху“ контактирале преку електронската пошта во последниот период.

Компанијата не информира колку податоци со кориснички имиња и лозинки се украдени при хакерскиот напад, но соопшти дека моментно соработува со безбедносни органи со цел да бидат пронајдени напаѓачите и да одговараат за криминалот.

Поради заштита на личните податоци, корисниците на „Јаху“ се повикани освен лозинките да го исклучат и пристапот до електронската пошта од мобилните телефони и на тој начин да не дозволат двојна идентификација.

На „Јаху“ ширум светот се регистрирани 273 милиони електронски пошти, од кои 81 милион во САД

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1