Над 5.000 демонстранти го блокираа Киевскиот аеродром, поради информации дека ВИП личности се подготвѕуваат да ја напуштат земјата. На аеродромот стандардна има по 80 летови дневно, а вчера биле дури 180. Информации за “спасување” се појавија синоќа на Твитер.На украинските сајтови се појави информација дека од Украина за Виена тргнал приватен авион, на одборот во кој биле синовите на претседателот Виктор Јанукович. Австрија сепак не дозволила на авионот да слета и тој бил вратен во Украина. Информациите не се потврдени од независен извор.
На аеродромот “Жулияни” во Киев се заблежани многу пратеници од владејачката Партија на регионите со нивните семејства. Претседателот на украинската Врховната Рада Владимир Рибак пак го испратил своето семејство кон Будимпешта. Според податоците на вработени на аеродромот, самиот Рибак останал во Киев.Демонстрантите во Киев ги заробија телохранителите на дипломатите на ЕУ, 75 загинати
„Пред неколку часа при вршење на службената должност во обезбедувањето на странските дипломати, односно министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска беа задржани припадници на државното обезбедување на Украина, коишто биле погрешно идентификувани како провокатори”, рекол Кошиулинскиј додавајќи дека биле оштетени возила. Замолил да не се прават дополнителни проблеми „со цел да се избегне меѓународен скандал, бидејќи тоа може да предизвика проблем”.









