Не се знае кој пука во Киев – Вип личности бегаат, блокиран аеродромот (ВИДЕО)


Над 5.000 демонстранти го блокираа Киевскиот аеродром, поради информации дека ВИП личности се подготвѕуваат да ја напуштат земјата. На аеродромот стандардна има по 80 летови дневно, а вчера биле дури  180. Информации за   “спасување” се појавија  синоќа на Твитер.На украинските сајтови се појави информација дека од Украина за Виена тргнал приватен авион, на одборот во кој биле синовите на претседателот Виктор Јанукович. Австрија сепак не дозволила на авионот да слета и тој бил вратен во Украина. Информациите не се потврдени од независен извор.

ukrai10На аеродромот “Жулияни” во Киев се заблежани многу пратеници од владејачката Партија на регионите со нивните семејства. Претседателот на украинската Врховната Рада Владимир Рибак пак го  испратил своето семејство кон Будимпешта. Според податоците на вработени на аеродромот, самиот Рибак останал во Киев.

Демонстрантите во Киев ги заробија телохранителите на дипломатите на ЕУ, 75 загинати    

Како што пренесува Украинская правда цитирајќи го потпретседателот на украинскиот парламент, Руслан Кошулинскиј, инцидентот се случил поради забуна, односно приврзаниците на опозицијата ги сметале за припадници на ткн „титушки” кои ги сметаат за провокатори на радикалните елементи.
ukrai2„Пред неколку часа при вршење на службената должност во обезбедувањето на странските дипломати, односно министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска беа задржани припадници на државното обезбедување на Украина, коишто биле погрешно идентификувани како провокатори”, рекол Кошиулинскиј додавајќи дека биле оштетени возила. Замолил да не се прават дополнителни проблеми „со цел да се избегне меѓународен скандал, бидејќи тоа може да предизвика проблем”.
Украинското министерство за внатрешни работи ја потврди информацијата за заробувањето на телохранителите сметани за провокатори и дека бил оштетен неговиот автомобил.
„Со цел да се избегнат недоразбирањата и за да се спречи меѓународен скандал, а исто така за да може припадниците на управата на државното обезбедување на Украина да функционираат, го бараме вашето содејство во ослободувањето на нашите соработници”, се вели во соопштението на министерство до припадниците на опозицијата.

ukrai8

Во текот на ноќта шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и Полска, односно Франк-Валтер Штајнамер, Лорен Фабиус и Радослав Сикорски во четвртокот имаа средба со украинскиот претседател на кој Виктор Јанукович се согласил за предвремени претседателски и парламентарни избори до крајот на 2014 година. По оваа средба тројцата европски дипломати се сретнаа со челниците на опозицијата, а доцна во ноќта кон петокот започнаа уште една средба со Јанукович на којашто подоцна се придружија опозициските лидери и челниците на парламентот.
Во меѓувреме, ноќта кон петокот украинското министерство за здравство објави дека бројот загинати во судирите од вторникот до четвртокот се искачи на 75, од кои дваесетина се полицајци и двајца новинари. Вкупно во четвртокот медицинска помош им била укажана на 571 лице, а во болниците се хоспитализирани 363 лица, од кои 76 се наоѓаат во тешка состојба
Радикализираните бунтовници го прекршиле примирјето и почнале да пукаат кон спроведувачите на законот во Киев, соопшти украинското министерство за внатрешни работи, пренесува Раша тудеј.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1