Со канта со бензин во едната и запалка во другата рака ,дваесет и пет годишниот Ферди Исмаилов од селото Висока Маала три часа се заканувал дека ќе се самозапали бидејќи во петокот шумската полиција му го запленило комбето со кое илегално превезувал огревно дрво пренесува Телма.
Исмаилов со својот обид за самозапалување ја крена на нозе струмичката полиција и противпожарната единица. Тој утрово во 7 и 30 часот дошол пред Шумското стопанство „Беласица“ и побарал од чуварите да му дозволат да си го земе комбето. Откако бил одбиен се оддалечил и повеќепати се полеваше со бензин.
Неговиот чичко раскажува дека некој од таму им ветил дека ќе им биде вратено запленетото комбе.
-Не фатија со еден кубик дрва во комбето и ни го зедоа. Дојдовме тука и ни ветија дека ќе ни го дадат комбето. Сега не го дават. Сакаат детето да се запали. Тој замина со автомобилот некаде во планина. Ќе се запали и кој ќе одговара за тоа. Можеби државата ќе се збогати со комбе од 500 евра тука, изјави чичкото на Ферди, Ајдар Исмаилов за Телма.
По тричасовната драма Исмаилов избегал со кантата бензин со возило кон магистралниот пат Струмица-македонско-бугарскa граница. Се уште нема информации дали е пронајден и како заврши обидот за самозапалување.