Во Скопје пристигнуваат електромобили за туристичко разгледување на градот


Три фирми доставиле понуди за набавка на електромобилите за раз­гле­ду­ва­ње на знаменитостите на Скопје, на тендерот кој го распиша ЈП „Град­ски паркинг”, пренесува Вест.

kolaaa-630x472Сите три фирми се домашни, но во тендерската до­ку­мен­та­ци­ја навеле дека возилата ќе ги набават од странство.Од ЈП „Градски паркинг” велат дека уште не можат да кажат која понуда е прифатена и колку ќе чини набавката на електромобилите, бидејќи тече за­кон­ски­от рок за поднесување жалби.

Во­зи­ла­та кои ќе се користат за разгледување на центарот на градот треба да бидат набавени до април.

„Вак­ви возила има во повеќе метрополи, па и ние решивме да им по­ну­ди­ме на туристите да го разгледуваат Скопје и со електромобили. Првично ќе бидат набавени 5 возила, кои до април треба да бидат во функција, а во јули ќе купиме уште 5.

Електромобилите ќе имаат шофер кој, покрај тоа што ќе вози, ќе биде обучен и како туристички водич, односно ќе ги об­јас­ну­ва знаменитостите на градот. Ќе има опција и оние што ќе ги из­нај­мат, самите да ги возат”, рече Борче Јакимовски, директор на ЈП „Градски пар­кинг”, кога ги најави електромобилите.
Во електромобилите ќе има можност да се возат четворица.

Тие работат на струја, односно во нив се вградени батерии кои се полнат со елек­трич­на енергија. На Плоштадот ќе биде направен и пункт за изнајмување, но и ста­ни­ца за полнење на возилата. Откако ќе се наполни, возилото ќе може да помине 100 километри.

Од претпријатието сè уште не знаат колкава ќе биде цената за из­нај­му­ва­ње. Сега – засега познато е дека ќе можат да се изнајмуваат секој ден од 10 до 23 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1