Бесплатно сменете ги вашите податоци во УЈП


Граѓаните можат бесплатно да извршат промена на адресата, телефонскиот број или е-поштата во регистарот на даночни обврзници со новата услуга на Управата за јавни приходи, „Е-промена на адресните податоци“.

UJPПромената може да се изврши бесплатно со јавување на телефонскиот број 0800-33-000.

– Услугата се состои во тоа што секој граѓанин со јавување на овој телефонски број и со идентификување со името, презимето и матичниот број, како и со бројот на едно од даночните решенија, може да изврши промена на адресните податоци – објасни директорот на УЈП Горан Трајковски на денешната прес-конференција.

При првото јавување се добива и пинкод кој кон средината на годината граѓаните ќе може да го користат за да ја видат својата состојба во УЈП. Досега оваа услуга на УЈП ја користеа правните субјекти. Вкупно 1.360 компании со оваа услуга ги имаат ажурирано адресните податоци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1