Убиство во Ченто – го изрешетале во автомобилот


Едно лице е убиено доцна синоќа во скопската населба Ченто (Сингелиќ).

ubistvo-singelic-12-540x360Според првичните информации убиството се случило околу 22:30 часот во близина на црквата Св Ѓорѓија во оваа населба. 2 засега непознати напаѓачи од возило во движење на улицата Алија Авдовиќ пукале во возило Мерцедес.

Убиен е возачот на мерцедесот кој е пронајден во изрешетаниот автомобил.  Станува збор за 46-годишниот Исмаили Ибраим од Скопје.

Читател на MKnews информираше дека рафалните истрели се слушнале низ целата населба, патот бил непрооден, а на локацијата се забележува и возило на брзата помош како и автобус за јавен превоз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1