Добро упатени полициски извори за „Република” не ја исклучуваат можноста вечерашниот инцидент во скопската населба Ченто да е продолжение, односно одмазда за инцидентот од пред три месеци кога во близина на местото на сегашното убиство беше застрелан Џељал Ајети – Џељо, пишува Република.
Сепак, засега нема потврда ниту прецизни информации кој е убиениот во возилото врз кое што било пукано.
Во непосредна близина на инцидентот што се случи вечерва веднаш до црквата Свети Ѓорѓи во селото Сингелиќ на 14 ноември се случи уште еден сериозен инцидент кога во автобус на ЈСП влегоа група маскирани и со безбол палки и метални шипки нападнаа ученици од селото Стајковци.