Убиство во Сингелиќ


policija 3Едно лице е убиено вечерва во скопската населба Ченто (Сингелиќ). Според првичните информации убиството се случило околу 22:30 часот во близина на црквата Св Ѓорѓија во оваа населба.

Се уште нема информации за идентитетот на жртвата нити пак за сторителот или мотивите. Полицијата во моментов врши увид.

Читател на MKnews информира дека рафалните истрели се слушнале низ целата населба, патот е непрооден, а на локацијата се забележува и возило на брзата помош како и автобус за јавен превоз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1