Астероид под името 2000 ЕМ 26, кој со брзина од 44.000 километри на час, требало да помине покрај Земјата, едноставно исчезнал.
Научниците не можат да му влезат во трага и да го најдат и се во чудо како само можел да исчезне од видикот. Експертите астероидот го окарактеризираа како потенцијално опасен, но до сега истакнуваа дека нема причина за страв. Сепак, со оглед на тоа дека не се знае каде се наоѓа, каде се упатил, легитимно е да се запраша: Дали има причина за страв?
Овој астероид е широк 270 метри, речиси како три фудбалски терени, а сега доби и ново име. Научниците го нарекуваат „Моби Дик“.
Додека експертите говорат дека нема причини за грижа, ова случување треба да се сфати како предупредување. Ова само покажува дека, колку луѓето и да сакаат, немаат апсолутна можност да ги следат астероидите.
Според пресметките, астероидот требаше да помине крај Земјата ноќта меѓу 17 и 18 февруари.