Велибор Џаровски- Џаро за српскитe портали тврди дека шоуто Х-Фактор е наместено. Тој вели дека му кажал и на Даниел Кајмакоски дека ќе му ја украдат победата.
Целото шоу е наместено, а тоа стана јасно во вторникот кога испадна Илма. Не смееја да испаднат „Доктори“ и Лукијан затоа што Кристина и Емина ќе останеа без кандидати. И гласовите на публиката намерно погрешно се бројат.
Не е битно кој гласа, туку кој ги брои гласовите. Па ова е Балкан, 90% од ваквите натпревари се наместени. Жал ми е за Даниел, кој по исфрлањето на Илма остана фаворит. Го предупредив неговиот тим дека финалете ќе биде наместено и ќе му биде украдена победата, тврди Џаро за српските портали.