Куќите им тонат – Мора да се селат – ова селце наското ќе е под океанот


Стотина жители на селото Кавалина, на островот кој припаѓа на Алјаска, мораат да го напуштат својот дом, затоа што нивото на океанот забрзано расте, па брзо ќе ги поплави. Нив со години ги штитеше ледот од Арктикот од силните пролетни и есенски бури, живееја далеку од цивилизацијата и проблемите на современите општества, а сега се оставени на милост и немилост на природните непогоди и водата од морето Чукчи, која непрекинато надоаѓа.

Островот целосно ќе исчезне под нивото на водата, пораснато поради стопените површини на мраз на Арктикот. До сега се веруваше дека Малдивите во Индискиот океан ќе исчезнат први.

Температурата поради глобалното затоплување на најсеверната точка на Земјата,расте речиси двојно побрзо отколку во остатокот на САД. Тоа доведува до брзо топење на наслагите лед, што понатаму предизвикува зголемување на нивото на водата во океаните и морињата, но и ерозија на тлото. Поради тие фактори, островите кои и припаѓаат на Алјаска започнаа да исчезнуваат во претходните неколку години, а сега нејзините 400 жители принудени се да се иселат.

Американската влада пред пет години се обиде да ги спаси островите со градење на потпорен ѕид, но сега се покажа дека повеќе ниту тој не може да ги заштити жителите. Климактолозите веруваат дека до 2025 година островите ќе исчезнат, поради што под итно треба да се обезбедат 400 милиони долари за луѓето да се преселат на некоја територија на повисока надморска височина. Меѓутоа, тие пари не се издвојуваат веќе со години, па граѓаните се бесни затоа што патат поради нешто што не го предизвикале.

-Американската влада ни го наметна тој западен начин на живот, а сега очекува ние самите да собереме се што имаме и да си заминеме. Каква влада прави такви работи? –рече лидерот на советот Кавалина, Колин Свон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1