Драма во 57-ка: Се тепале возач и патник, жените во автобусот врескале


Возач на ЈСП и малолетник  разменувале тупаници, клоци и пцовки, додека автобусот со затворени врати стоел на автобуската постојка во близина на Заводот за вработување во Капиштец полн со патници.

jspЗа сето време додека возачот и патникот се тепале, во автобусот врескале жени, а децата плачеле. Како што за „Плусинфо“ раскажува очевидец на настанот, момчето влегло во автобусот без билет, по што возачот со погрдни зборови, побарал да излезе и го удрил со пластично шише.

Изнервираното момче на ударот со пластичното шише возвратило така што се вратило до возачкото место и  го удрило со тупаница возачот. Тој ги затворил вратите на автобусот и со клоци и тупаници се пресметувал со малолетникот додека дошла полицијата.

Во СВР Скопје потврдуваат дека имаат пријава за настан што се случил на улицата „Васил Ѓоргов“ во автобус со број 57.  Во пријавата стои дека неколку лица го нападнале возачот и дека тој побарал лекарска помош во Ургентниот центар.

Плус инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1