Киднапиран и мачен – убиен новинар во Украина


Украински новинар, активист од националистичката партија “Слобода” е пронајден мртов со траги од мачење, ден откако беше киднапиран, објави вчера неговата политичка партија.

novinar ukrainaСпоред соопштението на партијата телото на Васил Сергиенко е пронајдено во саботата во близина на селото Виграив во централниот дел на Украина, на околу 120 километри југоисточно од Киев. На телото се забележуваат траги од мачење и рани од нож, а черепот е скршен, се наведува во соопштението на “Слобода”.

Новинарот бил киднапиран во петокот вечер од тројца непознати, што го пресретнале пред неговиот дом и со сила го качиле во нивното возило. Локалното обвинителство потврди дека е откриено неговото тело, но не објави детали во интерес на отворената истрага.
Според партијата “Слобода”, Сергиенко добивал закани и неговото убиство може да е поврзано со негови текстови за влијателен локален бизнисмен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1