Пендаровски: Секој нека одлучи со своја глава


„Мојот концепт се базира на еднаквост и рамноправност. Кај мене најпрвин си човек, па потоа се’ друго“, им порача Пендаровски на жителите на Алдинци, Норово и Лажани

pendarovski zaevПретседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, очекува резултатот од исходот од локалните избори во Центар минатата година да се мултиплицира во цела Македонија и на 13 и на 27 април.

Од централниот митинг во Прилеп, Пендаровски завчеравечер порача граѓаните да не се делат по партиска основа, особено не ранливите категории, земјоделците и стечајците, да се подобрат односите со соседните држави, да почне решавањето на прашањето за името со претходно дефиниран државен став.

Според Пендаровски, Македонија мора да нуди еднаква шанса за сите. „Главниот слоган во мојата кампања е „Македонија заслужува претседател“. Мојата заложба ќе биде пријателски односи со соседите зашто досега Македонија нема сосед пријател. Ќе се залагам за да се зборува отворено, а законите да бидат во интерес на граѓаните“, рече тој.

Пендаровски ќе се залага и за подобрување на меѓународната позиција на Македонија. „Проблемот со името не може да се реши одеднаш, потребен е консензус. За став треба да се праша и опозицијата. Не сакам да ме обвинуваат дека сум ветил брзо решавање или за шест месеци“, рече Пендаровски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1