Иванов: Со работа, чесност и искреност се добива довербата на граѓаните


За овие пет години покажав дека со работа, со труд, со чесност и искреност, се добива и се оправдува довербата на граѓаните, потенцира претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорге Иванов на митинг во Демир Хисар, искажувајќи благодарност што пред пет години, тие дале повеќе гласови за него, отколку за кандидатот на опозицијата.

ivanov gruevski– Се надевам дека и овој пат ќе биде исто, рече Иванов.

– За разлика од мојот противкандидати и неговиот ментор, никогаш не прифатив дипломатски туризам. Секоја посета имала конкретен ефект. И секоја посета и средба имала нешто што и носи за просперитетот на Македонија. Затоа настојував да бидам присутен секаде каде што се зборува за Македонија. Секаде каде што можев да ги бранам интересите на Република Македонија, а со тоа и на граѓаните на Република Македонија, истакна кандидатот за претседател на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата.

Тие сакаат да се откажеме од нашиот идентитет, замислете. Очигледно дека креаторите на оваа политика не го читале Пиреј, не го читале нашиот великан Петре М.Андреевски, кој вели: „народот, идентитетот е како Пиреј, не може да се искорени, не може да се изгуби, ништо не може да го уништи“. Затоа издржавме, и ќе издржиме. Затоа и изјавував дека од името на македонските граѓани, нема да прифаќам извештаи за Република Македонија кои не ги вклучуваат идентитетските одредници. Не може да се пишува извештај за нас – без нас. Затоа, верувам дека зборувам од ваше име, кога кажав, а го ставив и во мојата програма со која сакам да ја добијам повторно вашата доверба. Во таа моја програма стои дека нема да прифатам промена на Уставот, со цел промена на уставното име. Нема да прифатам ни идеи, ни предлози, што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Затоа што сите сме Македонија, дециден беше Иванов.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1