Халими: Барам поддршка за влез во вториот круг


Кандидатот за претседател на Македонија од редовите на ДПА Илијаз Халими вечерва во Тетово побара поддршка за влез во вториот круг на претседателските избори.

HALIMI– Ја прифатив кандидатурата бидејќи во ДПА сметавме дека е подобро да имаме кандидат на претседателските избори бидејќи со бојкотот не може да ги сопреме ни Иванов ни Пендаровски во нивната намера да успеат во претседателската трка.

Прифатив да влезам во ова трка во интерес на Албанците но и на сите граѓани – рече Халими.

Тој вети дека во рамките на ингеренциите ќе се залага за еднаквост на национален, културолошки, верски и секој друг план.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1