Облачно и студено – од минус 2 до 14 степени


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и малку постудено, наместа со кратки сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки места особено во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег

6144865-lurking-sun-in-winter-clothes--vector-illustrationПообилни ќе бидат врнежите особено во западните и југозападните делови на земјава, а во вечерните и во ноќните часови веќе врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, во Повардарието ќе има и засилување.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од шест до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Во вечерните часови врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и суво време со постепен пораст на температурата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1