Бил здрав како дрен – му извадиле заб – престанал да дише, починал (Видео)


24-годишниот Марек Лапински  почина по вадење на умник во амбуланта во Калифорнија.

POCINAL NA ZABARОткако умникот бил отстранет се појавиле неочекувани компликации. Наводно Лапински на сред операцискиот зафат се разбудил кашлајќи, поради што му дале силен анестетик што довело до моментален прекин на дишењето.

Лапински бил веднаш одведен во болница, каде починал по три дена.

Неговото семејство и пријатели ја доведуваат во прашање професионалноста на медицинската постапка која ја водел оралниот хирург Стивен Пол.

-Шокантно е тоа што здрав 24-годишник отишол на рутинска операција на умник и, на крај починал – изјави Тони Кеисер, пријател на семејството на покојникот.

news_110416

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1