Државната телевизија на Северна Кореја покажа нови и досега необјавени фотографии од Ким Јонг Ун како мало момче. буцкасто дете кое во униформа дава војнички поздрав, седи на пилотското седиште на авион.
Од тинејџерскиот период на диктаторот има само една фотографија, снимена во текот на екскурзија во Швајцарија каде што се школувал.
Тој таму бил со таен идентитет и име Пак Ун, а властите во Швајцарија знаеле дека тој е син на човек вработен во амбасадата на Северна Кореја.