20-годишна студентка на медицина била брутално силувана во Штип, објави телевизијата „Стар“. Рано утринава таа е донесена во Клиничката болница, каде е задржана на понатамошно лекување. Извори за телевизија Стар појаснуват, дека девојката е во шок и одбива секаква комуникација, дури и со најблиските.
Неа утринава ја прегледале лекари – специјалисти по различни области и констатирале дека таа била жртва на силување, а дезориентираноста , упатувала на сомнеж и за можно нејзино дрогирање.
Засега е непознато каде и кога бруталниот чин се случил. Според информациите на ТВ Стар, девојката синоќа била на студентска забава. Таму се забавувала со свои блиски пријатели и колеги од факултет, а се пиело и алкохол. По ова, девојката, заминала во друштво на неколкумина, но каде завршила, се’ уште, не знае никој.
Ова го остава отворено и прашањето дали таа била жртва на еден или повеќе насилници. Засега, одговор на ова нема ниту полицијата, од каде потврдија дека имаат дојава за хопситализирана девоја, но другите детали засега остануваат непознати.
Инаку, станува збор за студентка која е втора година на медицинскиот факултет во Штип.Повеќе детали од полицијата се најавуваат за наредните денови.