Легендарниот југословенски фудбалски тренер, Вујадин Бошков почина во родниот град Бегерч на 83 годишна возраст.
Бошков најголемиот дел од играчката кариера го минал во Војводина, а настапувал уште за Самдорија и Јанг Бојс. Бил тренер на Војводина, Феенорд, Сампдорија, Рома, Наполи, Реал Мадрид.
Бил селектор на СР Југославија на европското првенство во 2000 година, со Сампдорија го освоил Купот на победниците на Купови во 1990 година, а една година подоцна загуби од Барселона во финалето на Купот на европските шампиони.