Градскиот Завод за здравство во Загреб соопшти дека во изминатите неколку месеци регистриран е зголемен број на случаи на хеморагична грозница со бубрежен синдром или т.н. глувчешка треска, јавуваат хрватски медиуми
Се смета дека барем една третина заболени се заразени на загрепска Медведница и оти поради топлата зима може да се очекува зголемена активност на глодарите и нови случаи на болеста.
– Заради спречување евентуална епидемија, граѓаните се повикани на зголемена внимателност и за време на престој во природа и по тоа, обврзно да спроведуваат мерки за лична заштита, се вели во соопштение.
Тоа е вирусна болест предизвикана од хантавируси кои се распространети на целото подрачје во Европа и Азија.