Германските климатолози ова лето предвидуваат абнормална топлина, особено во земјите од Европа и Азија
2014-та година би можела да биде и најтоплата година во историјата на климатологијата, со изразено суво време и високи температури, изјавуваат научниците.
Прогнозата се заснова на резултатите од проучувањето на “El Ninjo” – глобалниот атмосферско океански феномен кој се јавува како резултат на флуктуации во правецот на ветерот и високите температурни води во тропскиот дел на Тихиот океан. Научниците од универзитетот успеале да направат потполно нов модел на “El Ninjo”.
Научниците утврдиле дека “El Ninjo” започнал да се формира минатиот септември, што значи дека шансите дека ќе се појави ова лето се 76%. Меѓутоа, според резултатите од истражувањето, оваа година ќе биде најжешка дури и без “El Ninjo”.