Куќата на Ивона Талеска била запалена – пожарот подметнат со канта безнин


Семејната куќа на главниот и одговорен уредник на весникот „Вечер“ и вестите на „Сител“ телевизија, Ивона Талевска, ја зафати силен пожар во средината на септември минатата година. Деновиве, новите официјални полициски наоди покажваа дека огнот бил подметнат.

Талевска за „Република“ раскажува за кобниот ден.

ivona-515x320– Останав зачудена од извештајот. Не се сомневавме дека некој намерно нѐ запалил. Немаше никакви закани, ниту, пак, проблеми – вели Талевска

Несреќата се случила околу 16 часот попладнето, баш во моментот кога нејзиниот татко бил на горниот спрат од куќата и во моментот ја гледал на вестите на „Сител“.

Токму тогаш, на приземјето од семејната куќа во Радишани, влегол подметнувачот кој истурил бензин и го запалил огнот. Брзата и трезвена реакција на таткото на Талевска, спречила трагедијата да биде поголема. Во пожарот изгорела целата покуќнина и целото приземје.

– Татко ми беше присебен и веднаш ја исклучи струјата. Соседите одма помогнаа и гасеа, а за среќа две пожарникарски коли кои беа во близината пристигнаа за помалку од 10 минути – раскажува таа.

Повеќе прочитајте на Република

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1