Свлечиштето во Кратово се заканува да урне три куќи (ВИДЕО)


Свлечиштето во Кратово кое минатата недела се активира, продолжува и понатаму да тоне. Откако минатиот петок едната коловозна лента беше пропаднадната триесеттина сантиметри, три дена подоцна истата лента е пропадната 2,5 метри, пренесува aberdzija.com.

snapshot - 647Потпорниот ѕид е напукнат на повеќе места, а постои реална закана трите куќи под свлечиштето да бидат затрупани доколку итно не се преземат мерки.

Денес на терен беа присутни од кратовскиот Центар за управување со кризи и градоначалникот Мите Андоновски. Сосотојбата ја оценија како крајно алармантна.
Во текот на денешниот ден се тампонираше третата коловозна лента. Надлежните од „Македонија пат“ посочија дека патниот правец Кратово – Пробиштип за ден-два ќе биде оспособен за нормален сообраќај.    

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1