На огласните портал, во Србија се појави оглас во кој еден Белграѓанец кој се претставил како Бранислав Божановиќ продава јажиња за бесење и тоа по цена од 100 евра.
Тој во својот помалку шегаџиски оглас, вели дека иако цената е малку повисока, сепак станува збор за еднократен трошок бидејќи на тие што ќе го купат пари повеќе нема да им требаат.
-Ако ви е доста од животот во Србија, нема излез од финасиската или љубовната криза, немате семејство во странство или богата тетка, не гледате излез и одлучите да се обесите, имам за вас вистинска работа. Чврсто јаже, издржува до 80 килограми без проблеми, се вели буквално во огласот.