Претставникот на Австрија, травеститот Кончита Вурст победи на Евросонг 2014 година со 290 поени, додека ја следат Холандија и Шведска со значајно и речиси недостижно заостанување.
– Верувам во иднина во мир и слобода – рече Кончита додека во солзи стоеше на сцената со победничката статуетка во рацете.
Кончита, чие вистинско име е Томас Том Нојвирт, на големата сцена во Копенхаген настапи со „Rise Like a Phoenix“.
На второто место се најдоа претставниците од Холандија, „Д комон линетс“, а на третото место претставничката од Шведска, Сана Ниелсен.
Следната година Виена ќе биде домаќин на изборот за песна на Евровизија.
Победничкиот настап на Кончита Вурст